Британската разузнавачката служба МИ5 се обрати пред Парламентот, што ретко го прави, со цел да ги предупреди пратениците за Кристин Кинг Ку Ли, која, како што тврдат, сакала да воспостави врски меѓу Комунистичката партија на Кина и актуелниот и идните пратеници.

Би-Би-Си јавува дека Кинеската давала донации на британски политичари, а парите се од странски државјани од Кина и Хонг Конг.

Некои медиуми објавија дека таа дури добила и писмо со благодарност од поранешните британски премиери Тереза Меј и Дејвид Камерон.

МИ5 издаде предупредување за кинески шпион во британскиот парламент по завршувањето на „значајната и долготрајна истрага“.

Разузнавачката служба соопшти дека секој пратеник кој стапил во контакт со Кинеската жена „треба да биде свесен за нејзините амбиции и способност да ја подобри политиката на Комунистичката партија на Кина“.