Сите честички на коронавирусот кои во мигов кружат низ целиот свет, може да се соберат во една лименка од „Кока-Кола“, пресмета британскиот математичар Кит Јејтс.

Според пресметките на научникот од Универзитетот во Бат, Велика Британија, во овој миг на планетава кружат околу два квинтилиони (со 18 нули) единки од Ковид-19. До оваа бројка тој дошол комбинирајќи ги светските податоци за бројот новозаразени и проценка на количината на вирус по лице. Врз основа на тоа, тој го пресмета и вкупниот волумен на вирусот – една лименка „Пепси“.

Од почетокот на пандемијата речиси 108 милиони луѓе биле заразени со Ковид-19 ширум светот, а 2,6 милиони луѓе починале од последици на болеста.