Сопственикот на руската приватна воена компанија „Вагнер грип“, Евгениј Пригожин на 23 ноември изјави дека силите на Вагнер напредуваат од 100 до 200 метри дневно, додавајќи дека тоа е „нормално за време на модерното војување“.
Но, според руската воена стратегија, нејзините сили дневно требаше да напредуваат околу 30 километри, наведува британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина.
Руската војска во февруари планираше да напредува околу 1.000 километри низ украинска територија во период од еден месец. Во септември украинските сили постигнаа напредок од над 20 километри дневно.
Изминатите два месеца, Пригожин се откажа од преправање дека не е поврзан со Вагнер и стана поексплицитен во јавните изјави. Тој веројатно се обидува да го зајакне својот кредибилитет во напнатиот руски систем за национална безбедност, наведува Министерството.