Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа сезонава во групната фаза од ракометната Лига Европа, откако синоќа триумфираше во Порто над португалски Агуаш Санташ со 29-27 во рамки на 2. коло во групата Д.

По почетната негатива од 0-3, Еурофарм Пелистер со серија од 4-0 го презеде водството кое на полувреме го зголеми на плус три голови разлика 15-12.

Македонскиот состав во продолжението ја задржа предноста и ја запиша премиерната победа по воведниот пораз од Архус минатата недела на домашен терен.

Најефикасен во редовите на битолскиот тим беше Хенеберг со седум голови.

Следен протвник на Еурофам Пелистер е германски Фуксе Берлин, кој ќе гостува во Битола на 22 ноември.