Српската премиерка Ана Брнабиќ за денеска свика итен состанок во врска со квалитетот на воздухот и мерките што се преземаат.

Белградските медиуми наведуваат дека средбата ќе се одржи во 15 часот, а на неа се повикани министрите за заштита на животната средина, за здравје и за енергетика, директорите на Агенцијата за заштита на животната средина, на Републичкиот хидрометророшки завод, претставници на Градот Белград и на МВР.

Претходните денови главното прашање што ги окупира граѓаните на Србија беше дали густата магла што се спушти е само магла или е во прашање загадување на воздухот.

Низ медиумите се објавуваат извештаи од бројни сајтови за мерење на квалитетот на воздухот во Србија од кои секој наведува различни податоци.