рнИма некои сфери во Македонија кои нѐ загрижуваат, изјави американската амбасадорка Кејт Мери Брнс, во синоќешното гостување во ТВ Алсат, и нагласи два сегмента во државата кои бараат посебно внимание и ангажман од власта.
-Има некои области во С. Македонија коишто нѐ загрижуваат и причината поради која сме особено гласни за тие работи е дека сакаме да помогнеме и да бидеме поддршка. Две од нив се најважни. Под број еден е корупцијата. Тоа не е проблем којшто го има само во С. Македонија, но треба да биде приоритет, бидејќи демократските институции сѐ уште се во развој и нивно постојано поткопување со корупција е закана за идната безбедност, стабилност и просперитет на државата, рече Брнс.
Амбасадорката го посочи и вотриот сегмент:
– Втората работа, којашто заслужува внимание, е состојбата со младите. Нѐ загрижува фактот што младите се разочарани од можностите тука. Разочарани се кога не гледаат дека Владата работи за граѓаните. Младите треба да бидат охрабрени да ја видат својата иднина тука, a борбата против корупцијата е моќен начин да се излезе во пресрет на нивната загриженост, рече Брнс.