Пет лица се удавија кога брод со мигранти се превртел крај брегот на италијанскиот остров Лампедуза, објави денеска новинската агенција АНСА.
Спасувачките екипи успеаја да спасат 48 лица откако бродот се преврте на околу девет километри од Лампедуза, објави агенцијата.
Преживеаните биле пренесени на островот, како и телата на жртвите. Агенцијата известува дека полицијата пристигнала на местото на настанот.

Исто така, се наведува дека уште 256 мигранти пристигнале на островот во текот на ноќта и раните утрински часови. Илјадници бегалци годинава пристигнаа во Италија со брод. Според Министерството за внатрешни работи, од петокот бројот се искачи на повеќе од 19.300.

Во исто време минатата година, поради пандемијата, тој број беше помалку од 6.600 луѓе. Според Обединетите нации, околу 700 луѓе загинаа во бродоломи оваа година, обидувајќи се да стигнат до Европа од Северна Африка, преминувајќи го Централниот Медитеран.