Како што можете да видите, оваа споредба е направена од страна на Центарот за медицнски истражувања на корона вирусот при Џон Хопкинс Универзитетот во Балтимор САД.

Според оваа споредба, САД со 328 милиони жители досега имаат 526 396 заразени и 20 463 мртви (во меѓувреме бројките се зголемени, но без да се промени суштината на оваа споредба).

Од друга страна, членките на ЕУ – Италија, Шпанија, Германиа и Франција, плус Велика Британија, заедно имаат 324 милиони жители, со 650 807 заразени и 62 553 жртви или три пати повеќе од САД.

Па, така додека се има впечаток дека САД лошо се справуваат со кризата, кога ќе се погледнат овие бројки, тоа и не е баш така. Се разбира, кразита во Европа почна порано од кризата во САД, но таа и натаму тече и на стариот континент, така што францускиот претседател Макрон најави продолжување на мерките за уште еден месец, период во која Трамп веќе најавува дека ќе ги „отвори“ државите.

Се разбира, останува дилемата зошто е тоа така, зошто во Европа, пред се Западна Европа, смртноста е така голема, како што останува и дилемата зошто и во Западна Европа има така драстични разлики меѓу одделни земји, како на пример, меѓу Италија, Шпанија и Франција, во однос на Германија. Прашање е дали е се во организацијата.

Исто така останува и дилемата зошто Западна Евртопа е така погодена, а драстично полесно со кризата се справуваат источно европските земји. Едно од објаснувањата е дека на запад луѓето се многу помобилни, но се чини тоа не е задоволително и целосно разумно објаснување, посебно што во тој случај САД, чие население е убедливо најмобилно на светот, би требало да имаат многу полоши бројки од тие на Европа.