Уште еднаш се потврдува правилото дека колку Владата врши поголем притисок против употребата на Сонцето од Кутлеш, симболот од првото знаме на самостојна Република Македонија, тоа толку повеќе станува популарно кај народот.
Синоќа знамето со Сонцето од Кутлеш се развиори и на големиот фудбалски стадион во Минхен, на Алијанц арената, на натпреварот меѓу Баерн и белградска Црвена ѕвезда, од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Германскиот шампион постигна убедлива победа од 3:0, а на трибините се развеа „брусеното“ Сонце од Кутлеш. Баерн ги освои трите бода на натпреварот, а Македонецот што го разеа знамето, кое му пречи на Зоран Заев и Владата на која тој е премиер, освои илјадници лајкови и пофалби на социјалните мрежи.