Патријархот на БПЦ, Неофит, ќе одржи молитва во 20 часот по бугарско време за исцелување од корона вирусот.

Молитвата ќе била пренесувана од Бугарската национална ТВ. Од Светиот синод на БПЦ ги повикале верниците да ја следат молитвата. Во текот на молитивата камбаните во Старозагорската и Софиската епархија ќе бијат 10 минути.

Пред неколку дена, Светиот синод на БПЦ испратил писмо до сите храмови за вметнување во богослужбите на специјални молитви при епидемии и заразни и смртноносни болести.