Ставовите на Љубчо Георгиевски за односите со Бугарија заслужуваат внимание и аргументирана расправа и ни треба подготовка на домашната јавност за темите кои ќе се наметнат во периодот кој претстои, како што е заедничката историја, изјави Владо Бучковски, специјален претставник на Владата на Зоран Заев.

– На темата за која Георгиевски излезе јавно ние дебатиравме на последната средба кога разговарав со него, на две три недели пред јас да бидам именуван за специјален претставник на Владата. Ова не се нови ставови на Георгиевски. Тие заслужуваат внимание и аргументирана расправа. Нам ни треба подготовка на домашната јавност за темите кои ќе се наметнат во периодот кој претстои, а тоа се темите за заедничката историја. Ние и во владината коалиција имаме коалиционен партнер кој ја форсира темата за заедничката историја, имаме коалиционен партнер, Павле Трајанов, кој вели дека немаме заедничка историја, така што умешноста на премиерот, на Владата е во овие околности кога во јавноста имаме атмосфера на говор на омраза, омаловажување на Георгиевски без сериозни аргументи, да имаме сериозна дебата, изјави Бучковски во Утрински брифинг.

Тој говореше и за инситирањето од бугарска страна дека треба да се соочиме со заедничката историја, а не само да повторуваме дека имаме заедничка историја.

– Што е тоа од заедничакта историја согласно договорот, кои се тие настани и личности кои потврдуваат дека во миантото потврдуваат дека сме имале такви заеднички моменти кои треба да бидат во нашата заедничка иднина. Еден е ставот на Герогиевски, друг е да речеме ставот на МПЦ, која во ноември 2017-та повикувајќи се на заедничаката црковна историја побара БПЦ да биде црквата мајка, рече Бучковски.

Тој додаде дека сериозен исчекор напред ќе се случи на 10 март во Софија со потпишувањето договор помеѓу МРТ и БНТ за соработка.