Поранешниот премиер Никола Груевски денеска е на рочиште во судот во Будимпешта, каде се одлучува за барањето поднесено од Министерството за правда на Македонија за негова екстрадиција.

Медиумите во Унгарија објавија фотографии и видео од Груевски во судот, каде тој во судницата седи со наочари за сонце и капче.

Унгарските власти минатата недела го информирале Министерството за правда дека го добиле комплетираното барање за екстрадиција.

Груевски доби политички азил во Унгарија откако во Македонија беше осуден на двегодишна затворска казна за предметот на СЈО, „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот „мерцедес“ кој сега владата го користи.