Бугарија го отвори воздушниот простор за рускиот шеф на дипломатијата да долета до Скопје на министерски Совет на ОБСЕ. Веста ја потврди амбасадорката на Руската Федерација во Софија, Елеонора Митрофанова.

„Добивме позитивен одговор на нашата нота за летот на авионот на Лавров низ бугарскиот воздушен простор. Бугарското Министерство за надворешни работи официјално нè информираше дека на нашиот министер му е дозволена да лета низ воздушниот простор над земјата“, изјави Митрофанова за руската агенција ТАСС.

Лавров, претходно, говорејќи на форумот „Примаковско читање“, рече дека Русија ќе учествува на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, само доколку Бугарија го отвори воздушниот простор за авионот на руската делегација.