На твит, објавен од еден од терористите од Нов Зеланд, се гледаат и неколу полначи за автоматско оружје на кои се напишани имиња на терористи и на некои клучни битки од Руско-турската и Балканските војни.

Според италијанскиот венсик Република, профилот на терористот Б.Т. веднаш потоа бил затворен, но некои снимки од објавеното уште можат да се видат на интернет.

Инаку при нападот во двете џамии беа убиени најмалку 40 лица.

Република ја објавува снимката на твитот, на која на вториот полнач со куршуми се гледа натписот на бугарски „битка при Булаир 1913“ (0ваа битка се одигрува на 8 февруари 1913 година меѓу Бугарската седма пешачка рилска дивизија под команда на генерал Георги Тодоров и османската дивизија Муретеби и Дваесет и седмата пешадиска дивизија под команда на Али Фетхи. Битката завршува со победа на бугарските сили, пишува бугарскиот сајт 24 часа).

Пред него е испишано и името на Фрижин (син на последниот трновски цар Иван Шишман кој заедно со Констанатин кренал востание против османските власти). На полначите има и други натписи, меѓу кои и името на Италијанецот Лука Траини, осуден на 12 години затвор за расистичка омраза и пукање при кое рани шест мигранти во Манчестер во 2018 година.