Министерскиот совет на Бугарија денеска ја одобри позицијата на Софија за самитот ЕК-Западен Балкан, што треба да се одржи на 6 октомври во Брдо кај Крањ, во Словенија, на кој ќе учествуваат лидерите на ЕУ, шесте земји-партнери од Западен Балкан и други засегнати страни.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, меѓу главните цели на Самитот во Брдо е да се потврди поддршката на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и соработката на Унијата со земјите од регионот во спроведувањето на Економскиот и инвестицискиот план за регионот.

Бугарија, истовремено, го поддржува одржувањето на состанокот, што го смета за логично продолжение на Самитите во Софија (2018) и Загреб (2020), се наведува во одобрената позиција на земјата. Бугарија смета дека состанокот во Словенија е позитивен сигнал што ја покажува трајната посветеност на ЕУ кон Западен Балкан.

Според искажаниот став, Западен Балкан останува водечки приоритет на бугарската надворешна политика. Бугарија има искрен интерес сите земји во регионот да бидат дел од европското семејство. Поддршката на Бугарија е конзистентна, врз основа на клучните принципи на сопствените достигнувања во исполнувањето на критериумите за реформи и важноста за одржување добрососедски односи