ОРБАН: Западните економии не можат да опстанат без Централна Европа, таа сега е локомотивата на ЕУ!

/ 29.09.2021

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека следната деценија ќе и обезбеди на Централна Европа „фантастични шанси“.

На заедничката прес -конференција со неговиот чешки колега Андреј Бабиш, Орбан рече дека Централна Европа претходно се сметала за безнадежна без Западна Европа, сега западноевропските економии не можат да опстанат без Централна Европа.

„Нема ниту успешна германска економија без Централна Европа; Централна Европа е всушност локомотива на економијата на ЕУ“, рече Орбан, пренесува МТИ.

Политичкото и економското значење на регионот дополнително ќе расте, но за тоа е потребно продолжување на соработката на Вишеградската група, заклучи Орбан.


Од истата категорија