Мајката на 20-годишниот Бугарин уапсен во Германија поради убиство на бугарската новинарка Викторија Маринова, рекла дека нејзиниот син признал дека е виновен, објави бугарската телевизија Нова.
– Ми призна дека тоа го направил додека бил пијан и дрогиран, изјавила Надежда Красимирова на бугарскиот новинар во Германија каде живее.
– Ми призна и почна пред мене да плаче. Тој не е таков, не можам да разберам, вели таа.
Бугарскиот обвинители го обвинија во отсуство Северин Красимиров за силување и убиство на новинарката и побараа негова екстрадиција од Германија. Телото на 30-годишната новинарка Маринова беше пронајдено во саботата во парк во Русе.