Бугарските државјани ќе можат да влегуваат во Турција само со лична карта, објавено е во денешниот турски Службен весник.
Одлуката е донесена по указот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Според одлуката, Бугарите ќе можат да влезат во Турција со лична карта во случај на транзитна или туристичка посета до 90 дена во рок од 180 дена.