Американскиот државен секретар Антони Блинкен во Вашингтон се сретна со претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Блинкен на средбата го истакна постојаното партнерство меѓу САД и Косово и им се заблагодари на лидерите за силната поддршка на Украина, како и за приемот на бегалци од Авганистан.

На средбата се разговарало и за важноста на дијалогот што го води ЕУ со цел нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, што е фокусиран на заемно признавање на патот кон евроатлантските интеграции.