Како што објави електронското издание на Дојче Веле на македонски јазик, Бугарската академија на денешната седница донесла одлука дека „македонскиот јазик е бугарски дијалект“.
Тоа покажува дека Академијата ја следи насоката на бугарскиот политички врв.
Бугарската Академија на науките воопшто не се ни труди и да негира дека нивниот денешен став е „реакција“ на т.н. декларација на бугарскиот политички врв, која беше претставена на почетокот на октомври годинава.
Во истиот бугарската Влада директно го негираше постоењето на македонскиот јазик и инсистираше на историска амнезија на Македонците, тврдејќи дека тие никогаш не биле фашистички окупатори во Македонија.