Бугарскиот европратеник Александар Јорданов, член на коалицијата ГЕРБ-СДС и на групата Европски народни партии, вчера се обиде да испровоцира инцидент во Собранието на Македонија, по што беше исвиркан од пратениците.

Тој тврдеше, среде расправата на Мешовитиот комитет Македонија- ЕУ, дека „Гоце Делчев е Бугарин“, дека „браќата Миладиновци објавиле бугарски народни песни“, а ги нарекле македонски „само затоа што биле од географскиот регион Македонија“, дека кај нас се дискриминираат граѓаните што се декларираат како Бугари и генерално нема атмосфера за уставни промени, објави Експрес.

– Во парламентот очигледно нема атмосфера за уставни промени. Ве прашувам, кога ќе се случат тие? Слушнав примери за дискриминација на Бугарите во Северна Македонија, за опожарување на културните клубови, за славење на сторителите, за носење на ретроактивниот закон – сето тоа е неприфатливо во Европската унија. Дали е ова владеење на право? Ова не е само прашање на односите на Бугарија и Македонија, ова е прашање на човекови права и вредности, рече Јорданов.

Тој потоа почна да држи лекции од историја, која како што повтори неколкупати „треба да се базира на реалноста, а не на тоа како сакаме ние да изгледа реалноста“.

Ваквиот дрзок однос на Јорданов наиде на бурни реакции од пратениците кои реагираа дека ова не е час по историја, дека има кој да расправа за тоа, дека постои историска комисија и дека историјата овде не е тема, на што тој возврати дека „историјата била европска вредност“.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.