Нема опасност по животот на децата. Тие можат безбедно да се транспортираат, изјави денеска бугарскиот министерот за здравство Асен Меџидиев. Тој додаде дека напладне се очекува да биде во Белград.
– Повеќето оперативни интервенции на едно од децата веќе се направени. Состојбата на другото дете е подобрена, контактибилно, секојдневно се подобрува. Прогнозата е добра и за двете деца, посочи министерот.
Според него, трите деца примени во болницата во Стара Загора се во многу добра состојба, најверојатно утре ќе бидат пренесени до српската граница.
Меџидиев објасни дека состојбата и на повредените возрасни е добра.
– Човекот со ампутирана нога, можеби ќе го држиме уште малку додека се заврш и постоперативната работа, рече тој.
Претпладнево на аеродромот во Софија слетаа два српски хеликоптера што треба да превезат во Србија две од повредените деца во автобуската несреќа на автопатот Тракија на 14 август.