Бугарскиот европратеник Александар Јорданов, освен политичките ги следи и спортските настани во Македонија и го коментира резултатот од саботниот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Украина во Скопје во квалификациите за Европското првенство.
– Добра вест. Украина ја победи С. Македонија во фудбал! Среде Скопје. Сè додека се антибугари, така ќе биде, коментира Јорданов на Фејсбук.
Инаку, Јорданов е и поранешен амбасадор на Бугарија во Република Македонија во перидот од од 2001 до 2005 година и познат по неговите антимакедонски ставови и навреди за Македонците. Меѓу последните е и за одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во февруари годинава.