Сите патишта водат кон Мала Речица, објави на фејсбук портпаролот на ДУИ и вицепремиер Бујар Османи, откако Државната изборна комисија ја објави распределбата на мандати.

Имено, тој во еден табор ги наведе СДСМ и БЕСА кои имаат 46 пратеници, а во друг табор ги наведе ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои исто така заедно имаат 46 пратеници (44+2).

На тој начин, Османи сакаше да каже дека и едните и другите само со 15-те пратеници на ДУИ го имаат потребното парламентарно мнозинство од 61 пратеник.