Екипата на Унион Берлин следната сезона ќе игра во најквалитетното фудбалско натпреварување во Германија. „Железните“ во бараж пресметката со Штутгарт беа поуспешни од фаворитот.

Синоќа во Берлин реваншот заврши нерешено 0:0 и поради правилото гол во гости (2:2 прв натпревар) тие се вкупни победници.

Веднаш по последниот свиреж на судијата, навивачите на Унион втрчаа на теренот и заедно со своите миленици го прославуваа пласманот во Бундеслигата.