Како поминува времето во дебата во грчкиот парламент за гласањето доверба на црата, така темпреатурата се крева. Точката на вриење се очекува наскоро кога директно на двобој ќе излезат Киријакос Мицотакис, лидерот на опозициската Нова демократија, кој поднесе барање за гласање доверба, и премиерот Алексис Ципрас, лидерот на Сириза.

Но, повеќе тешкаши на грчката политика веќе се обратија од говорницата, а една од нив беше поранешната шефица на дипломатијата Дора Бакојани, инаку сестра на Мицотакис. Таа директно му се обрати на Никос Коѕијас кој откако рече дека ќе ги декласифицира архивите за текот на преговорите за името во претходните години, Бакојани се согласи, но притоа побара тој да ги објави и архивите во кои тој зборувал, преговарал и предлагал решенија.

Се обрати и поранешниот премиер Андонис Самарас кој жестоко го нападна Ципрас.

„Овој договор, господине Ципрас, запомнете, ќе предизвика експлозија“, рече Самарас.

Потоа тој прочита статија од Теодорос Пангалос, кој порано беше министер за надворешни работи, во кое кажува дека редовно се среќавал со опозцијата за да ја информира за прашањето за името. Иако Пангалос бил негов опонент, Самарас го цитира со денешната статија во која вели дека:„кога една држава се повлекува тоа не може да се смета за стратегија. Северна Македонија во секој случај не е решение. Ја остава отворена узурпацијата на историјата и нашето културно минато од Словените кои доминираат во Скопје“.

Самарас продолжи:„Господине Ципрас (не сте овде, но знам дека не слушате), јас се борев со Скопје, а вие му дадовте се! Останав да ја претставувам едногласната одлука на министерскиот совет во тоа време, на огромного мнозинство во парламентот, на Советот на политичките лидери. На сите Грци!. А вие денес сето тоа го дадовте, без поддршка од парламентот, па дури и без владина одлука…

Сумирано долгото излагање Самарас го затвори со следните поенти искажани диоректно до Ципрас:

Вие признавте „национална држава на Македонците“, која вклучува силно албанско малцинств, не „Македонци“

Вие признавате „македонски јазик“, кој во суштина е идиом на друг меѓународно признат јазик (мисли на бугарскиот н.з.)

Вие признавате „Северни Македонци“, кои ќе бидат единствени меѓународно признати Македонци.

Дискусиите во парламентот теба да се затворат до 21 часот по што би требало да се премине на гласање.