Властите во Бутан денеска го потврдија првиот смртен случај во земјата од последици на коронавирусот, десет месеци откако е откриен првиот случај на зараза и успешно се контролира болеста.

Министерството за здравство соопшти дека починал 34-годишен маж, кој имал хронична болест.

Во ова мало кралство на Хималаите со 750.000 жители, досега се регистрирани 767 инфицирани лица со Ковид-19.

Веднаш по откривањето на првиот случај во март минатата година, земјата ги затвори своите граници и воведе задолжителен карантин за секој повратник од странство.