Министерката за образование Мила Царовска, чиј образовен концепт наиде на остро несогласување кај стручната јавност, денеска „најде поддршка“ во колумна на Бранко Азески.
Царовска „поддршката“ ја сподели преку Фејсбук:
– Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во својата колумна вели дека бизнисот страда за добар кадар, кој треба да биде конечен производ на образовниот систем. Азески вели дека економијата мора да се потпира на знаење и на стручност, а за тоа е потребен поголем буџет за образованието со цел негово унапредување. Стопанската комора и компаниите даваат силна поддршка на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ со која имаме за цел да ги поттикнеме учениците да се запишат во средните стручни училишта и да се стекнат со знаење и вештини кои се бараат на пазарот на труд, објави Царовска на својот профил на Фејсбук.
Критиките и острите реакции од граѓаните и стручната јавност, за спроведување на новиот концепт во образованието, не се споделуваат, тие се занемаруваат.