Категорично ги демантирам невистините проширени од фб групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование, објави вечерва министерката за образование Мила Царовска.
На обвинувањата од Царовска дека шират лажни вести, одговорија и од здружението „Од нас за нас“ и посочија каде може да се провери кој шири лажни вести за концептот за реформи.
– Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикувам граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем. Прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја. Барам одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието, пишува министерката Царовска во нејзината објава на Фејсбук.
На обвинувањата за ширење лажни вести на министерката и одговорија и од „Од нас за нас“ за спорната објава.
– Категорично ја демантираме министерката Мила Царовска дека шириме невистинити информации на фејсбук. Невистина е дека здружението ОД НАС ЗА НАС „прилепило илустрации на делови од Концепцијата“. Здружението ОД НАС ЗА НАС нема тенденциозна намера да шири паника и да ја манипулира јавноста туку има за цел да ја информира јавноста за агендата на сеопфатното сексуално образование преку искуството на другите земји. Препорачуваме министерката Мила Царовска внимателно да ја прочита целата објава пред да шири лажни и невистинити информации. Целиот пост, објавен од страна на здружението ОД НАС ЗА НАС можете да го прочитате на следниот линк: www.facebook.com/odnaszanas/posts/449860269723730 Па, вие самите одлучете кој ја лаже и манипулира јавноста!- одговорија од здружението „Од нас за нас“ на обвинувањата од Царовска.