Паралелно со промените и реформите во државата, за подобрување на животот на граѓаните, тече процесот за подобрувања, промени и модернизација во СДСМ, објави вечерва владејачката партија.

– Задоволни сме што ажурирањето и активната регистрација на членството на СДСМ тече одлично. Досега, за првите десет дена откако започна оваа внатрепартиска постапка своето членство го ажурирале над 20.000 наши членови.Активни се 1.563 тимови од Месните одбори од 74 општински комисии. СДСМ е партија што победува, ја ужива довербата од граѓаните но и постојано се менува, модернизира, подобрува. Преку еден динамичен, современ, но пред се демократски начин на работа и делување, објавија од СДСМ на нивниот профил на Фејсбук.

На профилот е објавено и видео обраќањето на вицепремиерот за антикопрупција Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.