Фотографии и содржини од истополови бракови се дел од содржините кои децата треба да ги гледаат и учат според новиот концепт во образованието, за кое се залага Министерството за образование и ресорната министерка Мила Царовска.

Ова го објавуваат активистите на страницата „Од нас за нас“ на Фејсбук.

На фотографиите кои тие ги објавуваат се прикажани бакнувања на две девојчиња и две момчиња.

-Ваквите содржини се застапени во наставните програми на сите предмети каде што тоа е можно, а во учебниците и наставните материјали за овие предмети, овие пораки, освен што се пренесуваат преку самите текстови, се поддржуваат и преку визуелниот материјал и преку различните вежби наменети за критичко преобмислување на поимите, пишуваат „Од Нас за Нас“ на Фејсбук.