Имаме стабилна власт и разнишана опозиција, објави вечерва министерката за образование Мила Царовска, упатувајќи поздрави и честитки до Зоран Заев во духот на народаната „фалиме усто оти ќе те раскинам“.

– Имаме стабилно парламентарно мнозинство, а доказ за тоа е изгласаната доверба на Владата од пратениците во Собранието. Честититки претседателе Зоран Заев за храброста да им ставиш крај на лагите на опозицијата и да се соочиме со реалноста. С. Македонија има стабилна власт и разнишана опозиција. Продолжуваме силно и посветено да работиме на започнатите реформски процеси, напредокот на земјата и градење на силно, демократско и слободно општество, објави Царовска на Фејсбук.

Сигурно „довербата во Владата на Заев“, брзопотезна и без расправа, нема да помине само со поздрави и честитките од Царовска. Тоа им е и загарантирано уставно право да се поздравуваат и да си честитаат на социјалните мрежи за да создава уште порозова слика за Македонија.

Но, конкретно за што се честитките?! За обезбедените нула вакцини, за педесетината илјади граѓани кои останаа без работа минататава година, за датумот и бесплатното здравство што го добивме од ЕУ…?!

(Д.Г.)