Ги враќаме парите кај граѓаните, објави денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

– Ја намалуваме нееднаквиста во општеството, со директни исплати кон најранливите ги подобруваме условите за живот. Обесштетени се околу 11.000 стечајци. За 16 отсто се зголемени платите на воспитувачките и негувателките. Минималната плата порасна на 12.507 денари. За 21 отсто зголемени платите на социјалните работници, објави Царовска на Фејсбук.

И кога човек ги чита објавите на министрите и на луѓето блиски на власта, мора да се запраша: А зошто луѓето од Македонија толку многу се иселуваат, зошто се организираат хуманитарни праскијади во Скопје за да се купат 20-тина илјади оброци за гладни, зошто социјалните мрежи се полни со апели за хуманитарна помош за лекување на лица на кои државата не им плаќа итн.

Толку многу пари се вратени на граѓаните на партиските прес-конференции и преку објави на Фејсбук… И згора на тоа и парите од повратот од ДДВ-сметките… не е на арно. Оти, нели, познато е дека парите ги расипуваат луѓето. И функциите, бездруго.

(Д.Г.)