Денеска кога СДСМ „масовно враќа пари“ преку соопштенија, статуси на Фејсбук, изјави итн. недостасува прес-конференција од портпаролот и пратеник Костадин Костадинов.

Редно е и тој да одмори, недела е, но… Еве во доцните вечерни часови и тој се појави со враќање пари на граѓаните:

– Ги враќаме парите кај граѓаните. 300.000 граѓани со поголем приход, објави Костадинов на Фејсбук.

После оние големи милиони евра во Луј Витон чантата на Боки 13, по Рекет и заглавенион бројчаник на Порта Македонија, овие статуси делуваат како апчиња за смирување и заспивање.