Во тек се преговорите со сите засегнати страни за зголемување на минималната плата која во моментов изнесува 12.507 денари.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска изјави дека во оној момент кога ќе има конечен став за ова, јавноста ќе биде навреме информирана.

– Кога ќе има конечен став и која ќе биде сумата, ќе ја известиме јавноста. Да не калкулираме со суми додека тоа не биде јасно дефинирано, изјави Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на градинката „8 Април“ во скопската општина Шуто Оризари.

Инаку деновиве се лицитираше со зголемување на минималната плата и над 15.000 денари, а потоа вестите беа демантирани како шпекулација.