Стоиме рамо до рамо со најмоќните светски сили. Станавме 30 земја членка на НАТО. Обезбедивме стабилност, сигурност и просперитет, објави вицепремиерката Мила Царовска.

– Македонското знаме се развеа на свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел којашто ја следевме во живо од Владата. Истовремено македонското знаме е подигнато и пред Сојузничката команда за операции во Монс, Белгија и во Сојузничката команда во Норфолк, Вирџинија, објави Царовска на Фејсбук.

И додека граѓаните на Македонија водат тешка битка со коронавирусот и ги очекуваат економските последици од епидемијата, министрите и функционерите на СДСМ водат партиска кампања со зачленувањето во НАТО.