Се што ветуваме остваруваме, објави вечерва вицепремиерката Мила Царовска.
– Ветивме поголема минимална плата. И сега имаме минимална плата поголема за 60 отсто, а просечната плата ја зголемивме за 5.000 денари! Сè што ветуваме остваруваме! Очекувам 100 отсто реализација на нашата програма. Можеме уште повеќе и уште подобро, објави Царовска на Фејсбук.
Тие што не забораваат се сеќаваат на „се што е ветено и остварено“ од претходните избори: просечна плата 500 евра, автопати низ Македонија 500 километри, дека нема шанси да се чепка во Уставот на Република Македонија итн.