Нова студија со значителна „тежина“ откри дека лекот кој се применува за артритис, хидроксихлороксин сулфат, им помогнал на пациентите да преживеат COVID-19. Всушност, студијата од Henry Ford Health System во Мичиген соопшти дека лекот „значително“ ја намали стапката на смртност кај пациентите, пренесува американската ЦБН њус.

„Третманот со хидроксихлорохин значително ја намали стапката на смртност кај болните пациенти хоспитализирани со Ковид 19 – и без несакани ефекти поврзани со срцето“, пренесува здравствената организација.

Студијата е направена врз искуства со 2 500 пациенти заболени од Ковид 19 и покажала значително намалување на смртноста доколку хидроксихлорикинот се употребува во рана фаза.

„Нашата анализа покажува дека користењето хидроксихлорохин помогна да се спасат животи“,изјавил неврохирургот д-р Стивен Калканис, извршен директор, Медицинска група Хенри Форд и виш заменик претседател и главен академски директор на здравствениот систем Хенри Форд.

„Како доктори и научници, ние ги разгледуваме податоците кои ни се на увид. И податоците тука се јасни дека има корист од користењето на лекот како третман за болни хоспитализирани пациенти“.

„ЦБН њус“ додава дека претседателот Трамп уште пред неколку месеци го посочил лекот како можен експериментален третман за пациенти со вируси, но потоа се појавија студии со спротивни резултати и медиумите едноставно се нафрлија врз Трамп. Подоцна, една од негативните студии за хидроксихлорикинот беше повлечена, но веќе беше доцна – лекот беше забранет.

Научниците од здравствениот систем Хенри Форд објаснија зошто нивната студија била успешна.

„Наодите се внимателно анализирани“, изјавил д-р Маркус Зервос, раководител на одделот за инфективно заболување на здравствен систем Хенри Форд, кој е коавтор на студијата со епидемиологот на Хенри Форд, д-р Семја Аршад. „Нашите наоди  се разликуваат од другите студии на раниот третман, како и во делот на комбинација на интервенции што беа направени во придружна нега на пациентите, вклучително и внимателно кардио следење (еден од проблемите со хидроксихлорикинот беше дека доведува до аритмија кај пациентите, н.з.). Нашето дозирање исто така се разликуваше од тоа во другите студии кои не покажуваат корист за пациентите од употреба на лекот. Другите студии или не се разгледани од разгледани од потребна перспектива, или имаат ограничен број на пациенти, различни популации на пациенти или постојат други разлики од нашите пациенти“.
Сепак, студијата покажала дека комбинацијата на лекови не е во можност да ги спаси сите, особено пациентите постари од 65 години со други проблематични здравствени состојби. Околу 18 отсто од хоспитализираните пациенти сепак починале. „Пациентите кои починале обично имале сериозни основни заболувања, вклучително и хронично заболување на бубрезите и белите дробови, а 88 отсто од нив умираат од респираторна слабост“, се наведува во анализата.

„Во моментов, лекот треба да се користи само кај хоспитализирани пациенти со соодветно следење и како дел од протоколите од студијата, во согласност со сите релевантни федерални регулативи“, рекол д-р Зервос.