Вечерва сите мерни станици во Македонија регистрираат енормо загадување на воздухот, единствено е чист само во Лазарополе.

Според апликацијата на Мој воздух вечерва во Гази Баба е измерено речиси 19 пати повисоко загадување односно 948 ПМ10 честички на метар кубен. Слично регистрираат и другите мерни станици, што може да се види од приложената графика под текстов.

Според интернет страницата Ер вижуал денеска Скопје е осми најзагаден град во светот.

Во изминатиов период, заменик-министерот за екологија, Јани Макрадули постојано се јавуваше со објави во врска со Планот за чист воздух на Владата и сооопштуваше во кои училишта, градинки и општини, според планот за чист ајро, смениле врати и прозорци. Вечерва на Фејсбук немаше таква објава.