Цените на стоките за широка потрошувачка во Турција се зголемени за 20,3 отсто на годишно ниво во декември, соопшти Турскиот институт за статистика.

Податоците за декември покажуваат истовремено и мал пад во нивото на инфлацијата споредено со ноември 2018 година кога зголемувањето на цените било 21,6 отсто.

Во октомври инфлацијата во Турција беше 25,25 отсто, што е највисока во изминатите 15 години. Во 2018 година вредноста на турската лира се намали над 20 отсто во однос на доларот.