Американскиот центар за контрола и превенција на болести го подигна нивото на тревога поради мајмунски сипаници и препорача носење маски за време на патување, но предупредува дека не се работи за исто ниво на загриженост како за Ковид-19.

Симптомите на мајмунски сипаници прво се слични на грипот, а потоа пациентите развиваат болен осип и лезии и отечени лимфни јазли.

Периодот на инкубација меѓу изложувањето и појавата на првите симптоми може да трае од пет до 21 ден, според Светската здравствена организација.

Случаи на мајмунски сипаници се пријавени на сите континенти освен на Антарктикот.

– Потврдени се некои случаи кај мажи кои имаат секс со мажи. Некои случаи се потврдени кај луѓе кои живеат во исто домаќинство со заразено лице, соопшти ЦДЦ.

Експертите велат дека голем број сексуално преносливи инфекции имаат слични симптоми и оти реалниот број на заразени со мајмунски сипаници може да биде поголем.

Според ЦДЦ, во САД досега се пријавени 31 случај на мајмунски сипаници.