Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Церезо, изјави дека Антоан Гризман сигурно ќе остане во клубот и нема да замине во Барселона како што се шпекулира последниве денови.

– Нема шанси Гризман да си замине на лето. Останува 1.000 проценти, кусо порача Церезо.

Актуелниот договор на францускиот репрезентативец со Атлетико е со важност до 2023 година.

Оваа сезона Гризман настапувајќи за Атлетико постигна 18 голови и забележа девет асистенции.