Реал Сосиедад официјално го објави назначувањето на Чаби Алонсо како тренер на вториот тим.
На тој начин тој се врати во неговиот матичен клуб каде што како фудбалер запиша 124 натпревари и 10 гола пред да премине во Ливерпул во 2004 година.
Досега, поранешниот играч од средниот ред ја предводеше формацијата на Реал Мадрид до 14 години, со која убедливо ја освои титулата во регионалниот шампионат.