Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир испрати количина вода за пиење со цел да им помогне на граѓаните погодени од актуелната состојба.

Помошта претставува придонес во справувањето со тековните потреби на жителите, додека Општина Чаир останува во постојана комуникација со локалните власти во Гостивар и е подготвена и во наредните денови да обезбеди дополнителна поддршка, согласно потребите и развојот на состојбата.