Во емисијата „Опен“ на Топ чанел телевизија посветена на посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, стана збор и за неговото албанско потекло.

Новинарот Ариан Чани рече дека во селото Вуно кај албанскиот приморски град Валона постарите жители тврдат дека тој потекнува токму од ова село.

-Грчкиот министер за надворешни работи Дендијас е Албанец од Вуно. Неговата фамилија претходно се презивала Деде, рече Чани.

Според него постарите жителите уште тврделе дека Дендијас е братучед на премиерот Еди Рама, бидејќи, како што вели, неговата мајка потекнува од селото Вуно.

Исто така беше речено дека веста за албанското потекло на Дендијас циркулирала и во грчките медиуми.