Папата Франциск првпат носеше маска за време на својата јавна функција, кога денеска присуствуваше на молитвите за мир ширум светот со други верски водачи.

Папата носеше бела заштитна маска за време на службата во римската базилика Санта Марија во Аракеола. Тој досега носеше маска само во автомобилот што го носеше на неделната аудиенција во Ватикан.

Тој се најде на мета на критиките, особено на социјалните мрежи, поради тоа што не носеше маска на своите аудиенции и повремено доаѓаше во релативно близок контакт со посетителите

Папата Франциск беше на миса со други христијански челници во базиликата, вклучувајќи го и патријархот Вартоломеј, духовниот водач на православните христијани.