Основното јавно обвинителство за организиран криминал по допрен глас денеска влезе во Државната изборна комисија (ДИК), за да утврди дали има кривично дело при спроведување на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција, потврдија за МИА од обвинителство.
Оттаму не потенцираа дали обвинителите се уште се присутни во ДИК, но посочија само дека при овој претрес е одземена тендерската документација, за да се утврди дали се почитувани законските постапки.
За разлика од другите изборни циклуси, на предвремените парламентарни избори одржани на 15 месецов ДИК не беше во можност електронски да ги соопшти резултатите од изборните единици.
Причината, како што информираа оттаму, беше хакерски упад на веб страната на ДИК, кој траеше и неколку дена после изборите