– Јас ценам дека овие луѓе не заслужуваат одговор. Бидејќи веќе ме прашавте, можам да кажам дека ова се луѓето кои што најзаслужни се што Зоран Заев веќе три години пустоши низ Македонија и ова се луѓето кои што практично ја доведоа партијата во таа состојба во која што во 2017 година ја презедов партијата. И сега, повторно истите овие луѓе се во улога да му помагаат на Зоран Заев во услови какви што се сега, за да формира владино мнозинство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Сител ТВ, одговарајќи на прашањето за нападите врз него од поранешни функционери на партијата.

Тој даде дека нивните обвинувања се темелат на многу лични навреди, на голема фрустрација.

Мицкоски потенцира дека, сето она кое што ти го рефлектираат како атак врз ВМРО-ДПМНЕ и врз него, не наидува на поддршка ниту во структурата ниту во членството, ниту помеѓу граѓаните.

– Ова е последниот товар од кој што се ослободува ВМРО-ДПМНЕ во овие 31 месец откако сум избран за претседател на партијата. Сега сите тие заедно на купче остануваат да му бидат верен коалиционен партнер на Зоран Заев па јас би му посакал со среќа нека му е со сите нив, додаде Мицкоски.