Тренерот на Барселона, Чеви беше разочаран од епилогот на синоќешниот дуел со Реал Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

Реал на дуелот којшто се играше во Ријад, Саудиска Арабија, победи со 3:2 по дополнителни 30 минути, откако по 90 минути резултатот беше нерешен 2:2.

– Јас сум вознемирен. Мојот тим се ослободил од комплексите. Гледајќи ги првите 20 минути, добив впечаток дека игравме со неодамнешните резултати во нашите мисли, но штом се ослободивме од овој комплекс, станавме подобри и на крајот имавме квалитетна игра. Сметам дека заслуживме повеќе. Како и да е, на добар пат. Се збогувавме со титулата, но и се ослободивме од некои комплекси, изјави Чави.

Во финалето од Суперкупот, в недела Реал ќе игра со подобриот од вечерашното второ полуфинале во кое се среќаваат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.