По пријава на минувачи, полицајци однеле 43-годишен маж од Тетово во болница, кој бил оставен во безсознание и со видливи повреди. Лекарите откако му пружиле медицинска помош установиле дека има тешки повреди на главата по што со болничко возило го однеле во Клиничкиот центар во Скопје.
-Десеттина минути по полноќ, во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, пред угостителски објект, било забележано машко лице кое лежело на улицата и имало повреди. Набрзо лицето е пренесено во тетовската клиничка болница и утврдено е дека станува збор за 43-годишниот тетовец А.А., изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Повредениот А.А. откако добил медицинска помош во тетовската болница, се освестил и бил контактибилен, по што изјавил дека бил физички нападнат од неколку непознати лица и удрен со тврд предмет по главата.
Се преземаат мерки за расчистување случајот, истакна Јосифоски.